“МАЖ, ЖЕНА И ДЕТЕ” НИЗ ЧЕТИРИ ОБЈЕКТИВИ

Меѓународна фото изложба во Куманово

Фотографии од четворица членови од фото – кино клубот Прилеп се најдоа меѓу 4000 творби од целиот свет на меѓународната изложба на клубот “Види” од Крива Паланка. Со по неколку фотографии на конкурсот со подтеми: “Маж, жена и дете” се претставија Димитар Ристески, Христијан Конески, Божидар Барлакоски и Александар Кочоски.

– Многу е значајно нашето учество на меѓународни изложби, по рестартирањето на клубот. Повторно сме активни, а доказ за креативниот потенцијал е што фотографиите се бодирани, а тоа ќе ни овозможи добивање на фотографски титули – вели Димитар Ристески, претседател на фото клубот Прилеп, додавајќи дека на есен ќе ја реализират меѓународната изложба “Прилеп салон 2014”. 

Loading