ПРВ ТЕСТ Е ПЕЛИСТЕР

Фудбал

Подготовките на Победа земаат залет. Покрај фитнес салата, се користат и терените, најчесто Могила. Се работи двапати дневно. Подигнат е професионалниот пристап од секој поединец и редовноста. Присуствуваат 29 првотимци, така што претстои скусување на списокот до 25 патници в понеделник кон Банско.

Нови на тренинзите се Кебакоски, Димитриоски (Кадино), Сркески (Миравци), Дав. Талески (Металург, Врапчиште), Ф. Мирчески, Колевски, В. Петрески (Напредок), Дан. Талески (Гостивар, Напредок), Милошески (Силекс), Стомнароски (11 Октомври, Партизан), Илиовски (Исланд). Се чека изјаснување на Пелистер за Мустафов. Сите сакаат во среден клуб, а малкумина заминуваат, само Ристевски (Турново) и Х. Петрески (Гостивар). Уште неколкумина ќе бидат отстапени.

Според планот за контролните натпревари, првиот е в сабота со Пелистер, веројатно на Могила, потоа вторник со Металург, четврток со Младост Лучани, наредната сабота со Тиверија. Преговорите се со Брегалница, а има време за уште две – три. Првенството продолжува на 1 март со гостувањето на Скопје. 

Loading