Во полн ек е реконструкцијата на фасадата на Здравствениот дом. Веќе 96 отсто е променета дограмата.
– Нов лик добива Здравствениот дом. Ставен е во функција и лифтот. Направени се скалишните огради. Се надевам дека до крајот на февруари или март ќе се полираат и плочките по скалите. По ходниците ќе се постават нови медицински подови. Се глетоваат и молерисуваат ѕидовите – кажува Петар Ристески, директор на Домот.