Тополчани
Подобрени се условите за настава за неколку стотини ученици во ОУ “Круме Волнароски” од Тополчани. Објектот стар повеќе години, кој надворешно се реновираше, сега доби и нова електрична инсталација. Сменети се светилките по училниците и низ ходниците.
Вложувањето е милион денари, а парите се од општинскиот буџет.