Учениците од седмите одделенија од ОУ “Гоце Делчев”, предводени од наставничката Александра Андоноска беа наградени од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за успешно изработен проект Let’s get to know each other (Да се запознаеме меѓусебе), во соработка со 28 училишта од 13 европски земји.
Проектот е од претходната 2012/13 учебна година со цел учениците да научат повеќе за европските земји, нивната историја, природа и култура и, истовремено, да ги подобрат своите јазични вештини – зборување, пишување и разбирање на англискиот јазик. Преку снимен клип, презентации, електронски книги, слики и текстови напишани на англиски јазик нашите деца се претставија себеси, училиштето, градот, но ги претставија и убавините, културата и традицијата на нашата земја. Со учеството и работата во eTwinning проекти, учениците ги прошируваат знаењата, се запознаваат и соработуваат со врсниците од другите европски земји.