КОРЕКЦИИ

Могила

Во паузата од сезоната фудбалските игралишта се на преглед со цел отстранување на недостатоците. Дознаваме дека е нужна корекција врз стативите на игралиштето Могила. Биле пониски од пропишаните стандарди. Навреме е забележано и се врши поправката. Стативите треба да се со висина од 244 сантиметри. Интересно е како настанала ситуацијата. Во прв момент сî било прописно, но подоцна со поставување уште еден слој на површината се загубила потребната висина.

На овој терен тренира Победа, а првенствени мечеви играат Варош, Прилеп сити и Пролетер.

Loading