ИСТРАЖУВАЧКИ ЧАС ВО СОУ “ОРДЕ ЧОПЕЛА”

ОУ “Добре Јованоски”

Учениците од четврто одделение при ОУ “Добре Јованоски”  имаа  час по Природа во СОУ “Орде Чопела”. Децата подетално се запознаа за улогата и значењето на метеоролошка станица. Наставникот по метеорологија Анкица Илиоска детално и практично им ја објасни функцијата на метеоролошката станица и ги запозна со мерните инструменти преку практични примери. Учениците се восхитија од новите сознанија, прашуваа и добиваа одговори.

Loading