ФИТНЕС ТРЕНИНЗИ

РК Прилеп

Десетти ден од подготовките на машкиот прволигаш, РК Прилеп. Досега тренинзите беа во салата од СОУ “Р. Р. Ричко” под водство на Орде Илиески, а од утре продолжуваат и во фитнес сала. Присуствуваат 16-17 првотимци. Од средата отсутен е само левото крило, 17-годишниот Јане Јанески, кој е во составот на кадетската репрезентација, каде селектор е Александар Јовиќ.

Предвидена е серија пријателски мечеви.

Loading