Точно 1100 прилепски родители, баби и дедовци со ниски пензии се рехабилитирале бесплатно неколку денови во бањско климатските дестинации во земјава последниве три години. Продолжува и годинава успешниот проект на бањско климатска рекреација со шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен здравствен преглед, трошоци за превоз колку автобуски билет од местото на живеење до установата во која ќе ја користи услугата.
За да с еискористи оваа бенефиција з апензионерите до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до 14 февруари се доставуваат потврда или чек, доколку корисникот на пензија користи и право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице или додаток за мобилност и слепило и потврда или чек, доколку дел од пензија се исплатува од друга држава.