АСФАЛТ ДО ЗРЗЕ

Со околу седум ипол километри асфалт ќе биде послан патот од селото Костинци до манастирот Свето Преображение кај селото Зрзе. Според извори од Министерството за култура, работите треба да почнат во март, а да траат 16 месеци. Министерството веќе го објави огласот за избор на изведувач.

Пристапот до овој значаен културно историски споменик од 11. век во чии пештери во подножјето се откриени ранохристијански знаци на монашки живот, ќе влијае на развојот на манастирскиот туризам.

Манастирот, на надморска височина од илјада метри, е оддалечен 34 километри од Прилеп. Тој е седиште на епископот Хераклејски  Климент.                                                                                                                     

Loading