Посета на словенечкиот амбасадор
Проширување на програмата на збратимени градови меѓу Прилеп и словенечкиот Копер да се извлечат повеќе пари за енергетска ефикасност и за други проекти од ИПА и останатите достапни фондови од ЕУ, е заложбата на градоначалникот Марјан Ристески, кој беше домаќин на словенечкиот амбасадор Бранко Раковец. На официјалната средба станало збор и за продлабочување на соработката и можноста за реактивирање на трговскиот објект ТУШ на влезот во градов.
– Прилеп и Копер се пример за општини што се развиваат во Словенија и Македонија. Копер има најмногу европски проекти во Словенија, а Прилеп е град што користи најмногу европски пари во Македонија. Идната соработка би била како да се извлечат повеќе пари за енергетска ефикасност и за други проекти од фондовите на ЕУ. Разговаравме и за идните словенечки инвестиции во Македонија и општина Прилеп, посебно за активирање на маркетот на ТУШ, кој е на влезот од Битола за Прилеп – изјави градоначалникот Марјан Ристески.
Словенечкиот амбасадорот Раковец ги посети Витаминка, Тутунскиот комбинат, Мермерниот комбинат, Микросам и други со намера да ги идентификува можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете пријателски земји.