ТРИ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА

Пинг – понг

Подвиг на суперлигашот Младост. Во два дена забележа победи од 5-4 над штипски Г. Делчев и 5-2 над скопско Влае, во салата на ОУ “Г. Делчев”. На двата меча по трипати победи Јочкоски, по еднаш Јованоски и Тошески. Во следното 3. коло е гостин на Струга, каде играат Јаковлески и Штаргоски.

Во Првата лига и Младост 96 победи, 5-1 над скопска Пошта 2, во салата од Хемиско. Два дуели доби А. Рикалоски, по еден З. Рикалоски, Х. Иваноски и Илиески. Викендов е дербито кај Радовиш, каде триумфот е кандидатура за првото место во Лигата.

Loading