Татковина

Теодора Маркоска V-3 под менторство на одделенскиот раководител Валентина Јованоска од ОУ „Добре Јованоски” Прилеп

 

 

 

 

 

 

  

 

 

Татковина

 

Има една земја мила

на Балканот таму доле,

обвиткана со жолт превез,

со зелено од трева поле.

 

Македонија, се вика таа

живее со темно минато

испишано на лист хартија

верувајќи дека никогаш

нема да биде заборавено и скинато.

 

Гледај во иднината, брате,

гледај во среќно утре,

заборави ги мрачните денови,

заборави го ропството со векови.

 

Татковино, мајко мила,

Татковино, мајко втора,

за тебе живеам среќна

за тебе творам, се борам.

Loading