На бесплатниот телефонски број 0800 – 24680, тутунарите од Кривогаштани ќе прашуваат, ќе бараат решенија на проблеми, ќе бараат помош и поддршка и ќе добиваат информација од операторите со обезбедена доверливост. Линијата ќе функционира до крајот на јули 2014 год. Меѓу операторите се правен експерт и социјален работник за обезбедување оптимална поддршка.
Помошта е дел од проектот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а со поддршка на Филип Морис интернационал менаџмент С.А. На земјоделците им бил образложен и Кодексот за земјоделски работни практики за фер, транспарентна и анонимна линија за поддршка.
– Со Сокотаб и Алијанса Уан Македонија, ја поддржуваме линијата како пилот проект во Кривогаштани – рече Азим Шавкенбаев, генерален директор за Македонија и претставникот на Филип Морис интернационал С.А.
На отворањето на канцеларијата за поддршка на земјоделците и работниците, гости на градоначалникот Тони Заткоски му беа и директорот Џовани Беги од Сокотаб, директорот Роберт Цвејоски од Алијанс Уан Македонија и Димче Митрески, извршен директор на МЦМС.