Историја
На 1 јули 1979 во Републичката лига 11 Октомври дома освои спасоносни бодови, совладувајќи ја со 3-1 валандовска Победа. Околу 2 000 гледачи не се израдуваа на ниеден гол, како да не видоа што се случуваше. Сите собрани во купчиња слушаа радио пренос за Победа, која за да стане второлигаш мораше да триумфира во Скопје, над Југококта. Скокаа од радост за водечкиот гол на Конески, наведнаа глави по израмнувањето, а се радуваа како мали деца кога во 83. минута директно од корнер погодил Црвески.
Во финишот репортерот Стефковски пренесе, “Критична ситуација пред голманот Тодороски, голот е празен…”. Некои навивачи се здрвија, не дишеа, додека не слушнаа дека топката е избоксувана далеку, а судијата свирнал крај.