Од понеделник до сабота во ЦК “Марко Цепенков” од 20 часот, премиерно ќе игра најновиот македонски филм “Соба со пијано”. За 50 денари љубителите на филмската уметност ќе можат да уживаат во современата приказна за различните животни судбини.
– Собата е единствениот простор, а кусото време минато во неа единственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја живеат луцидната страна на сопствениот живот, го живеат она што вистински се – велат продуцентите на филмот.
Филмот е во режија на Игор Иванов – Изи, а игра домашна и меѓународна група на актери.