ВИДУВАЊЕ НА “ВЕВЧАНСКИТЕ ВИДУВАЊА”

Галерија на ЦК “Марко Цепенков”

“Вевчански видувања” е изложбата на  25 слики од меѓународната ликовна колонија Вевчани, која ќе може да се проследи во галеријата при ЦК “Марко Цепенков”. На ачик се дела од уметниците – учесници на колонијата од 2010 до 2013 година. По едно дело имаат творци од земјата и странство.

– Вевчани е еден од најубавите украси на Македонија, кое Господ го дарил со толку  многу раскошни убавини. Познато е по своите прекрасни извори. Ако може да му се верува на Пол Клодел дека елементот вода меѓу елементите најмногу го симболизира Светиот Дух, тогаш божествената енергија во Вевчани извира и блика во изобилство, и тоа не само од карпите, туку од душата на вевчанци, луѓето со градителски ген и природен инстинкт за убавото, чиј простор е Уметноста – вели Ефтим Клетников за колонијата.

Колонијата ги промовира културните вредности на земјава и е  спојка за меѓусебно запознавање и зближување на ликовните творци. 

Loading