Во Библиотека за месецот на книгата
Промоции на две книги и одбележување на месецот на книгата ќе има во Библиотеката. “Душата на дланка” е книгата од Ивона Дамеска – Ида, која е претставена во рамките на одбележувањето на празникот 11 Октомври. Збирката на младата талентирана поетеса Дамеска ги пренесува нејзините чувства.
В сабота пак од 18 часот виделина ќе доживеат расказите “Филимена” од Васе Грујоска. Во првата книга се објавени 14 раскази за деца на различни теми. Грујоска напишала повеќе радиодрами, а во фаза на подготовка за печатење се повеќе драмски текстови.
Инаку, во Библиотеката од 15 овој месец ќе се одбележува месецот на книгата. Планирани се повеќе изложби и промоции на книги, а од вторник ќе има попуст за упис за 100 денари на новите членови.