ПОСВЕТЕНОСТ НА ЕКОЛОГИЈАТА

ОУ “Гоце Делчев”

Продолжи реализацијата на успешниот проект “Македонија без отпад” инициран од Министерството за животна средина и асоцијацијата “Ајде Македонија”. Проектот го поддржа и министерството за образование, па учествуваа голем број на основни и средни училишта од Македонија.

ОУ “Гоце Делчев” ја подели акцијата во повеќе делови. Ученици од сите одделенија го чистеа училишниот двор од отпад. Малите еколози, под надзор и со упатства од наставниците, ја одделувале старата хартија да може да се предаде за рециклирање.

Пред акцијата, имало едукативни активности за развивање на свеста кај младите за грижата на околината и нејзиното одржување. За едукацијата биле користени презентации и насоки од точките “Интеграција на еколошката едукација” во македонскиот образовен систем кои теоретски и практично се посветени на развивањето на еко-свеста кај учениците од средните и основни училишта.

Loading