ПАРК СО ЛОЗНИЦИ ПОД СААТ

Бесплатна објава

Градежни машини и работници ја уредуваат околината на градскиот саат, што е амблем на градот. Според градоначалникот Марјан Ристески, се дотеруваат околу 2000 м2 во духот на традицијата, но и на современото.

За уредувањето на просторот се консултирани занаетчиите од чаршијата. Нивните сугестии се вградени во архитектонските решенија.

– Станува збор за срцето на градот. Затоа опкружувањето на градската саат кула ќе е со повеќе урбани содржини – канделабри, гранитни патеки, лозници, односно елементи што ќе се спој на автентичното минато и на иднината. Околината ќе зрачи во духот на долгата занаетчиска традиција на чаршијата. Накривената саат кулата ќе се претвори во туристичка атракција – изјави Ристески.

Инвестицијата ќе чини околу шест милиони денари. Парите се обезбедени од локалниот буџет.

Инаку градската саат кула, висока 38 метри, го мери времето и отчукува на секој половина и на еден час. По дваесетина години, локалните власти најдоа мајстор да го отстрани дефектот на механизмот, донесен од Виена со бродови по Дунав до Белград и со арабаџиски коли до Прилеп пред повеќе од 150 години.

Саат кулата е постара од лондонскиот Биг Бен.                     

Loading