ОД ВЕЛЕС ДО ПРИЛЕП ЗА – ФУДБАЛ

Ангелко Тошевски, “изгорен” за Победа

Ангелко Тошевски, роден пред 60 години во Кавадарци, живеел во Прилеп, сега жител на Велес, секоја сабота со воз доаѓа да гледа – фудбал во Прилеп. Час предвреме влегува прв на стадион, да ги гледа 11 Октомври и особено Победа, клуб кој го засакал на девет години.

– Кога работев во Србија, ја гледав во Пирот, Врање, Лесковац, Белград… Најсреќен бев 1973 по одбранетите четири пенали на Истатов во Дубровник и 1988 кога со два гола на Гунев и Досев на Карабурма го победивме ОФК. Есенва навивав за 11 Октомври во победата над Борец. Велешани се лутеа, но треба да ме разберат, Прилеп го сакам како роден град – вели Тошевски.

Тошевски во саботата гледаше и два ракомета во “…Ричко”.

Loading