НОВ ДИРЕКТОР ВО ЕУРОКОМПОЗИТ

Климент Шеќероски  е новиот генерален директор на загубарот 11 Октомври Еурокомпозит, а досегашниот директор Никола Лучески стана заменик. Промената во државната компанија за наменско производство доаѓа откако бил разрешен еден од членовите на одборот на директори. Се очекува со внесување на “свежа крв”, во загубарот да се одговори на предизвиците за спас на компанијата.

 – Кризата ги намали буџетите на министерствата. Намален беше интересот и од странците. Сега стигнуваат барања, а тоа е перспектива. Плус, со владина поддршка се намалија вработените од 360 на 300 – вели Никола Лучески, заменик директорот. 

Инаку, огласот за продажба на загубарот со сто отсто државен капитал е пролонгиран до 27 октомври. Досега четири компании, од кои две американски, една хрватска и една турска, пројавиле интерес. Тие ја платиле тендерската документација.   

Loading