КОМПЛИМЕНТИ ОД СИТЕ СТРАНИ

Моделарство

Сумирани се светските купови во аеромоделарство, “Трофеј Прилеп” и “Македонија”. Оценката е мошне висока. Покрај професионалната организација, како домаќини додадовме и топло, македонско гостопримство. Се оплоди макотрпната подготовка и стручноста на тимот, воден од директорот Здравко Тодороски.

– Добивме два купа или максимум што добива една држава. Голем исчекор. На секој од 65. учесници им одговараше во два врзани дена да имаат две можности за освојување рејтинг поени и куп награди. Ангажиравме 36 судии, главен и мерачи на време, техничка екипа за комуникација, храна, пијалоци. Сé мина без забелешки – задоволен е Тодороски.

Настаните не се само спортски, туку странците, Швеѓани, Финци, Руси и другите го разгледаа градов и околината. Го видоа Музејот за тутун и останатите знаменитости. Добија и информации за авио линии, поефтините летови, агенции за рент – а – кар и сместувачки капацитети.

– Видлива беше одушевеноста. Веруваме дека догодина ќе биде помасовно, што е услов за повисок квалитет. Очекувам поголема институционална поддршка – истакнува Тодороски.

Нареден проект е кандидатура за Европско во 2016 година.

Loading