ЕЛЕНА ГРАБИ СО ШМИЗЛА

Бисерот на македонската фолк сцена, прилепчаната Елена Јовческа лансира нов хит во видео издание под наслов Шмизла. Атрактивната фолкерка со висок и буен стас се обидува со ново “откритие” на певливи ритми во турбо верзија да се вивне на врвот од фолк топ листите. Текстот е можеби попривлечен од стандардните музичките акорди на чочек фолкот. Затоа што е во дослух со времето и порашурените сфаќања за љубовта дека тоа е пронајдок на комунистите за секс за џабе, а под плаштот емоциите. Познавачите на фолкерската клима и фановите, на нашата “шмизла прва класа со момчето за под маса”  и прогнозираат висок рејтинг. Типувањето е плод не само на привлечната прилепчанка, туку и на омасовувањето на љубителите на фолк музиката.

Фолк-дивата заплива во естрадните води со гостувања во Австралија, Канада и Швајцарија, со песните “Атлантида”, “Мики не си фер”, “Леле каква невеста” и омилената на гатарбајтерите – “Горда Прилепчанка”. Трејд марк и е провокативноста, која изнудува машки воздишки.

Loading