Ракомет
Бргу се опорави суперлигашот Жито Прилеп по тешкиот пораз од Вардар СЦБТ и возврати со висока победа 20-31 на гости кај младинскиот Металург. По примерот за професионален однос на шампионот, девојките на Пеце Велјаноски тргнаа сериозно кон триумф. По обезбедените три бода, имаше простор и за воигрување акции. Првпат се постигнати девет гола од пивотменската позиција, со седум на Серафимовска и два на Михајлова. Шалевска даде седум, Аџулеска пет, Гичева најави форма со четири, а Белмезова со 16 одбрани. В сабота (12 ч) во “Сонце” е дуелот со младинскиот Вардар.
На прволигашката сцена втора, висока победа 37-15 на машкиот РК Прилеп дома над гостиварска Јехона. Викендов во “…Ричко” тимот од Орде Илиески третпат е домаќин, на скопски Работнички. Женскиот состав Таста 107 дома загуби 10-17 од Пелистер на Томче Петрески. Викендов гостува на Универс во Гостивар.