Напуштен воен објект од поранешната ЈНА, некористен со децении, сосема се вклопил во пејзажот на околината до карпестиот предел близу касарните. Сигурно бил наменски граден за бункер, судејќи по дебелите армирани ѕидови. Но, засолништето не е како оние мали “куполи” од Енвер Хоџа, кои ги гледаме кога одиме накај изворот на Црн Дрим. Прилепскиот е многу поголем. Во црна темница, се оди по тесен и долг ходник, кој завршува со дебела метална врата, која сигурно води длабоко под земја. Има систем за вентилација и неколку точки за надгледување на околината, а покривот е заштитен со слој од писа, да не прокиснува. Стравот од темницата ги оставил вандалите надвор да “се изразуваат” со графити.
По осамостојувањето, нашата војска изгледа немала потреба од објектот па е оставен на забот на времето. Но, квалитетот на градбата, каде нема ниту еден одронат дел, кажува дека Прилеп бил оценет како витално одбранбено место од ЈНА.