Џудо
На Петтиот меѓународен џудо турнир за пионери и јуниори “Прилеп град херој” на ЏК Сеишин, триумф на гостите од Бугарија. Освоија дури шест од осумте награди. ЏК Илинден од Софија е најуспешен за пионери, јуниори и јуниорки. ЏК Ставен од Сливен се покажа со пионерките. Преостанатите трофеи се за најдобриот пионер Хамза Јашари од Ипон Скопје и најистакнатиот јуниор Агон Красниќи од Кастриоти Урошевац, Косово.
Учествуваа 13 клуба од четири земји.