ГЕРМАНСКИ КОМЕДИИ НА СЦЕНА 105

Од 17 до 19 октомври во ЦК “Марко Цепенков”

Фестивал на новиот германски филм организира ЦК “Марко Цепенков” од 17 до 19 октомври во Сцена 105 зедно со германската амбасада.

Стартот на деветтиот фестивал е в четврток со комедијата – драма “Претежно ведро”. Филм кој на успешниот актерски израз му ја донесе наградата “јупитер” за најдобар актер на Елијас Мбарек.

Комедијата “Човек го прави тоа што го може” е в петок од 18 часот, драматата “Секогаш другите се виновни” е два часа подоцна, а в сабота од 18 часот, односно 20 часот се резервирани за детскиот филм “Јоко” и драмата “Големиот сон”.

Loading