Историја
Ракометот некогаш се играл на отворено. Според хроничарот на овој спорт, новинарот Миле Талески, во 50-те години од минатиот век голем ракомет имало на фудбалскиот терен, а малиот почнал кај Участокот. По година – две преместувањето е кај Откупот на Т. Комбинат, каде се играло во ѓубре и прашина. Набргу е избрана нова локација зад денешната арена “Сонце”. Потоа се менуваат уште три места: Полигонот зад старата Библиотека, зад Гимназијата и кај Вишата, до 1973 – 74 кога се отвори Универзалната.
– При пороен дожд, мечот прекинуваше и по расчистувањето продолжуваше на минимални услови, да скока топката. Наврнатите играчи правеа акции преку вирови, голманите се фрлаа во вода. Не помнам многу такви мечеви, главно времето беше убаво – вели Талески.