Каде има ракомет, таму и тие. Во неделата Рубин Седлоски, Горан Ангелески и Иле Цветкоски по службена должност, судиска и делегатска, извршена во Битола, на женскиот меч Пелистер – Моби ДИК, веднаш се упатија рикверц, на следниот настан, во салата од СОУ “…Ричко”, на машкиот дуел РК Прилеп – РК Битола. Не го “фатија” почетокот и дојдоа пред полувремето. Сепак, стигнуваат насекаде, оти ракометот им е во крвта.
Цветкоски има обврски за одржување на салата “Сонце” од ЖРК Жито Прилеп, а Седлоски е секретар на РК Прилеп.