Ова не е мостот од соништата ниту мостот на вљубените од Венеција. Ова е дрвениот мост на градската река, кој прилепчани ги потсетува на годините кога луѓето живееа скромно, но стамено. Го минуваа безбројпати да стигнат до Старата чаршија, до старите “убавици” -дуќаните со кепенци. Од тука некаде ѕирка Градскиот часовник, а зеленилото дава шмек на просторот.