ОКТЕТ ПРИЛЕП И КУД ПЕНЗИОНЕР ГО РАЗВЕСЕЛИЈА ВО ОХРИД

Октетот “Прилеп” и КУД “Пензионер” се претставија на 25. традиционални “Охридски староградски песни”, предизвикувајќи  ракоплескање на публиката. Тие воодушевија со изведбите на “Немој Маре”, и “Не прибирај мила мамо стројници”.

Нашите две друштва потврдија дека се доследни и квалитетни негувачи и афирматори на староградската песна.

Фестивалот ги афирмира вредностите на староградскиот мелос  и влијае за зачувувањето на музичките посебности. Песните се  својствени и се обележје на некои градови во земјава, оти се препејувале и се пренесувале низ генерациите со децении. 

Loading