КОЈ ВТОРНИК?

Фудбал 

Како репликата во цртаниот филм “Со задоволство би ти платил во вторник”, се одложува доаѓањето на спонзори во ФК Победа. Упатените оптимисти тврдеа дека ќе биде во вторник, но кој? Поминаа многу вторници и ништо.

Играчите не губат време, посветени се на второлигашките првенствени мечеви. Осмото коло донесе реми (0-0) и петти гостински бод за Победа, од Маџари, за малку задоволство кај навивачите. Очекувањето беше сигурен триумф. Бод е подобро од нула и со 12 од седмото место се гледаат шанси за искачување високо на табелата. Погледите се свртени кон саботното дерби (15 ч.) дома со екс – прволигашот Силекс, првопласиран со 18 бода.Во 2. коло 11 Октомври дома со 0-0 ги изненади кратовчаните и нема зошто да не се очекува уште поповолен исход утре во полза на Победа.

Што се однесува до 11 Октомври, пак неуспех. Дома загуби 0-2 од Дрита. Не мрда од претпоследно место со четири бода. В сабота оди на гости кај фаворитот, шестото Скопје.

Loading