ХРВАТСКА ПЕТ, МАКЕДОНИЈА ТРИ ЗЛАТА

Моделарство

На аеродромот Мало Коњари одлично минаа светските купови во аеромоделарство, “Трофеј Прилеп” и “Македонија”. Улогата на фаворит ја оправда Хрватска со пет златни медали, веднаш зад нив со три е Македонија, два има Србија, по еден Словенија и Босна. Во најмасовната со 40 учесници дисциплина Ф-1-А, прво победи Хрватот Гроздан Меглај, потоа Словенецот Роланд Коглод. Македонците триумфираа во Ф-1-А јуниори – Дејан Алексов (Кавадарци), Ф-1-Х Владимир Попоски (Прилеп) и Ф-1-Х јуниори, Небојша Стошиќ (Кавадарци). На пиедестал беше и Бојан Димески (Прилеп), со бронза во Ф-1-А јуниори.

– Доведовме светска елита, а во силна конкуренција нашите зазедоа добри места и медали – смета Здравко Тодороски, директор на куповите.

Настапија 65 моделари од 12 земји.

Loading