ДВОЈНИ ПОБЕДИ

Бокс и Лоу – кик

Членови на клубот Шампион – Ас успешни се во класичен бокс и кик – бокс, дисциплина лоу-кик. На кик – бокс за пионери во Струмица, Дамјан Талимче совлада скопјанец, Трајче Илиоски струмичанец, а дебитантот Ипче Џафероски е поразен од искусен струмичанец. За прикажаното сите добија медали. Во Штип во класичен бокс Илиоски и Талимче совладаа домашни ривали, а Џафероски загуби од битолчанец. Во 7. коло од Боксерската лига Илија Миноски е поразен од штипјанец, со судиска неправда.

Прилепскиот тим е седми, меѓу 11 на табелата. 

Loading