Гимнастика
Најдобриот гимнастичар, Дино Бошњак (19), замина за Марибор, да стане член на клубот, меѓу најдобрите во Европа. Преминот е договорен летоска, на Медитеранските игри во Мерсин, Турција, каде Словенците биле задоволни од нивото на неговите настапи. На разделбата на последниот заеднички тренинг во Соколаната, имаше многу емоции. Членовите на КГС Партизан Прилеп приредија свечено испраќање низ солзи радосници, за првиот од овој спорт. кој привлече интерес надвор од државава.
– Од дете, израсна во голем гимнастичар, но нема услови. Заминувањето е нужност и во рацете е на четворица словенечки експерти – рече Златко Ангелески, селектор.