Среде ноќ ги зедоа
во прилепските касарни ги одведоа,
крвнички ги измачуваа
но, целта, не ја постигнаа.
Врзани рака за рака
во Дабнички завој ги одведоа,
пред пушките ги наредија,
но желбата за слобода не им ја скршија.
Покосени од куршумите,
еден до друг легнаа,
земјата со крв ја натопија,
но своите не ги предадоа.
Меѓу тие осумнаесетмина
што животот го дадоа,
младиот правник Добре Јованоски стоеше
и за непокорот говореше.
Мартин Нунески IV – 6 одд,
Ментор- м-р Каролина Николоска