ПРВ ТЕСТ ЗА ВРЕДНОСТА СЕ ШТИПЈАНКИТЕ

Ракомет: В сабота (13 ч.) Жито Прилеп стартува во Супер лигата
Пеце Велјаноски: Подготвени сме 80 отсто!
В сабота (13 ч.) се отвора новата сезона во женската ракометна Супер лига со мечот Жито Прилеп – Кожувчанка Штип. Федерацијата прво го најави 7. октомври, а деновиве одлучи сезоната да почне утре. Планираните два – три контролни мечеви отпаднаа и набрзина се прилагодуваат тренинзите.
– Девојките се дисциплинирани, даваат максимум, но недостига време. Тактички и физички тимот е подготвен 80 отсто – смета Велјаноски.
Првиот меч со нетрпение се очекува да се види вредноста на новиот состав без Наумоска, Стојановиќ, Нацева, Бошковска, а со новите Белмезова, Гичева, Михајлова, Адамческа и Неделкова, плус досегашните Стојанова, Шалевска, Серафимовска, Мурговска, Аџулеска, Ивановска, Андонова, Крстевска, Саздова и Цаневска.
– Повреди, болести, вируси се составен дел на спортот и нужен е поброен список. Покрај Стојанова и Белмезова, ни треба и трета голманка – порачува Велјаноски.
Кожувчанка не е тим кој покажал заби, но остана во Супер лигата. Може да се пофали со одлична работа во младинските категории. Лани пионерките беа шампионки на Македонија. Нема информации за квалитативни играчки промени во однос на ланската сезона, кога Жито Прилеп славеше, 38-26 дома, 29-20 на гости.
– Штипјанките заслужуваат респект, но нашите амбиции се три бода за старт. Изненадување нема – смета Велјаноски.
Мечот е во “Арена Сонце”, а влезот чини 30 денари.
Дрим тимот на 28 септември
Најпосакуван гостин есенва е првакот Вардар СЦБТ, составен од европски ракометарки. Веќе влезе во група од Лигата на шампионите, а според многумина таму далеку ќе стигне. Според распоредот, во Прилеп дрим – тимот доаѓа во 2. коло, на 28 септември.

Loading