ТАСТА 107 – КУМАНОВО

Прва лига
На 28 септември стартуваат прволигашките ракометни првенства. Во женската лига учествуваат 10 екипи: Ѓорче, Чаир (Скопје), Пелистер (Битола), Моби ДИК (Охрид), Универс (Гостивар), Борец (Велес), САП Акумулатори (Пробиштип), Кичево и ривалите во 1. коло Таста 107 – Куманово. Прилепскиот тим на Бети Филипоска – Петар Кузманоски одигра пријателски со Кичево, Чурлевски, Ѓорче и Чаир. Помогнати од градски авторитети имаат услови во новата сала од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Во составот се приклучуваат новите Даниловска, Јолеска, Трајкоска и Јорданоска од младинскиот погон на Жито Прилеп. Амбиција е средината на табелата.
Во машката лига, во 1. коло, Прилеп на Орде Илиоски е домаќин на Битола. Во конкуренцијата се девет клуба, уште: Работнички, Риниа (Скопје), Јехона, Вардар Полог (Гостивар), Борец (Велес), Младост (Богданци) и Струга.

Loading