Идеја
Според современите теркови низ Европа, во градов е идејата за одредување неколку катчиња за секојдневни средби на навивачите. Предложени се прометните места, како пред клупите од Плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, каде со децении, во делник и празник, наминуваат сите генерации, приврзаниците на фудбалот и ракометот. Некои велат дека убаво, како за шахот, тука да се постави спомен – обележје за спортскиот бренд на градов, ФК Победа.
За подобра информираност на граѓаните за спортските настани секој викенд, се предлагаат известувања на Рекламите.