Џудо
Џудистот на Сеишин, Борче Тошески, имаше непријатности на Балканијадата во Романија. Во категоријата до 81 килограм, прво се сретна со Романец од кого регуларно загуби. Во втората борба со Србин водеше со поен Вазари, но на 10 секунди до крајот судиите надгласаа за ривалот. Во третиот меч водеше со поен против Босанец, но пред истекот на времето доби повреда и ја загуби борбата.
Тошески достојно се претставил како единствен сениор од државава. Недела претходно имаше една борба на Светското во Бразил.