Атлетика
Членката на АК Трети ноември, олимпијката Христина Ристеска, постигна државен рекорд на 300 метри, во Скопје на полуфиналето од Државното првенство. Времето е 41,40 секунди, а 18 години стариот рекорд беше 41,42 секунди. На 400 метри истрча за 58,43 секунди, што значи битно подобрување во однос на минатите години, за задоволство на тренерот Ѓорѓи Гешоски.
Во младинска конкуренција вторите места за Фросина Вандевска на 800 метри, Кире Лучески и Ема Бошеска на 1500, која е трета на 800. По две недели е финалето.