НЕМА ПРЕДАВАЊЕ

Фудбал
В сабота е 7. коло од Втората лига, а претпоследниот 11 Октомври оптимистички оди кај едно место погорепласираниот Зајас. Многумина го отпишаа младиот тим на Круме Митрикески и Сашо Спиркоски, но таму предвреме не се предаваат. Го соборија фаворитот Борец со 1-0, не дозволувајќи им на велешаните да упатат удар. Домашните деца создадоа седум шанси, искористија една преку новодојдениот Александар Толески од Охрид. Во составот беа уште седуммина од страна, вториот охриѓанец Речкоски, битолчаните Гоновски, Гелов, Тасевски, Ристевски, демирхисарецот Стојковски и кавадарчанецот Лазарев.
Осмопласираната Победа со повратникот меѓу стативите Дарко Ристевски не издржа во Врапчиште со примен гол во 1. минута. Не беа искористени седум шанси пред домашната мрежа која успешно ја чуваше прилепчанецот Давор Талески. В сабота (15, 30 ч.) е мечот дома со Новаци.

Loading