ОРИГИНАЛНО ЧЕСТВУВАЊЕ

Патронат на ОУ “Рампо Левката”
На 19. септеври ОУ “Рампо Левката” одбележа 71. година од погибието на народниот херој чие име го носи училиштето. Покрај положувањето цвеќе на спомениците на Левката на Могила, кај Судот и на Дабнички Завој, Учениците подготвија и забавна програма за патрониот празник. Заедно со ОУ “Добре Јованоски”, училиште со кое се скоро збратимени, се одржаа дуели во одбојка. Во празничната атмосфера се вклучија како играчи и гледачи, покрај децата, родителите, бабите и дедовците. Тоа беа игрите без граници, каде учениците ги одмеруваа силите во разни необични дисциплини – влечење јаже, “народна”, и други, познати или нови игри. Ги загреаа столчињата на квизот за учениците од четврто до деветто одделение.
По празникот, во соработка со НВО “СЕГА”, ќе се избира нов училишен правобранител, по истиот метод на избор на Претседателот на Македонија. Првин ќе се собираат пет потписи од соученици за влез на кандидатот за првиот круг – избор за класен претседател, а во вториот круг, ќе се гласа од стеснетиот избор на класни претседатели од шесто до деветто одделение. Тајно, со ливчиња во кутии, сите ќе имаат право на еден глас. После ќе се бројат гласовите пред сите со комисија. Крајниот рок за избор на правобранител е почетокот на октомври.

Loading