ОУ “Климент Охридски”Горан Попоски е осмо одделение во ОУ “Климент Охридски”. Солиден ученик, дисциплиниран, мирен, дружељубив… Ништо што би го издвоило од останатите. Ама, зад срамежливата “маска” на Горан се крие пливач, кој солидно владее со брановите. Се запишал во пливачката школа “Амфора” и целото лето го минал вежбајќи во базенот. Секој ден од неделата тренирал таму и ги научил стиловите “Делфин” и “Краул”, а и разни техники за подобро дишење при пливањето. Пред базен правел аеробни вежби за подготовка. Горан го одбрал овој спорт, зашто разбрал дека со него се развива целото тело.
Само со половина година тренинзи, заминал на маратон во Охрид каде се натпреварувал со 34 учесници од неговата категорија. За сефте препливал два ипол километри за да се нареди на 15 место. Сака да продолжи во скопска гимназија, каде би го негувал хобито кое можеби еден ден ќе прерасне и во професија.