ЛЕСЕН ПРЕОД ОД РАСПУСТ ДО КЛУПА

ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”
Секое училиште во градов има специфика и разлика од останатите. Иако законските регулативи се исти за сите основни училишта, оставена е можност да се направи нешто за да се отскокне и да се украси училиштето или би имало употребна вредност.
ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” е единствено со столчињата во дворот, налик на старохеленските школи на Питагора, Аристотел, Платон и други мислители. Ама учениците овде не учат непроверени теории и стари науки, туку стручни и точни податоци кои им ги пренесуваат наставниците. Полесно да се навикнат на редовност за училиште, на кадарот им блеснала идејата првиот училишен ден да го минат во училницата на отворено. Временските прилики одговараа, па учениците порелаксирано влегоа во трката за знаење во новата учебната година. Некои дури и одговараа на прашањата исправени, а останатите мирно и без палавост слушаа.

Loading