Пред ЦК “Марко Цепенков” има убав поплочен простор со скалички и место за пристап за хендикепирани. Тука се и е патеката на познатите прилепчани, направени од плочи од црвен мермер во кружна форма. Сето убаво прилега за окото, секогаш чисто, пример за урбан центар.
Сепак, палавите тинејџери местото го гледаат од друг агол. На рамно, со ниски скали, таман погодено за егзибиции со скејтбордите, ролерите или велосипедите. За таква забава има место на Могилата, ама изгледа ги мрзи да одат дотаму, а и во центарот имаат повеќе “публика” за докажување виденото на ТВ. И сé ќе беше во ред, ако акробациите беа поумерени. Но, тинејџерскиот ум не оди дотаму, па под силниот удар на некој скејтбордџија, се скрши плочата на актерот и режисер Кирил Ристоски поставена годинава.
Еј дечки, имајте малку респект!