“ОД КОЛ НА КОЛ” КАЈ КРИВОПАЛАНЧАНИ

Театарот “Војдан Чернодрински” утревечер гостува во Крива Паланка со претставата “Од кол на кол 1” во режија на Коле Ангеловски. Тоа ќе биде учество на петтиот меѓународен театарски фестивал “Св. Јоаким Осоговски”, кој е дел од манифестацијата Град на културата 2013, а на кој освен од Македонија, настапуваа театри од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија…
Претставата успешно се игра веќе пет години, а приказната ја играат актерите Трајче Иваноски, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Андон Јованоски, Најдо Тодески, Марјан Чакмакоски и Димитар Вандески.
Оваа претстава беше завршница на манифестацијата “Десет дена Крушевска република”.

Loading