ОВАЦИИ ЗА ЗОДИЈАК ВО ШАБАЦ

Танцовото студио Зодијак, водено од Кире Миладиноски, вторпат го претставуваше градот и карневалот Прочка на шестото издание на интернационалниот чивијашки карневал во Шабац, Србија. Триесетината членови од средната и возрасната група се претставија на трите сцени со кореографиите “Танц на морското дно” и “Осум огнени змејови”.
Зодијак се подготвува за завршниот концерт за прославата на 15 годишнината од постоењето на студиото. Празничниот концерт ќе се изведе со масовни кореографии од сто танчери, заокружувајќи периодот на етабилирање, раст и творење на современ танц на македонската сцена.
Кореографиите за Шабац, учествуваа на карневалите во Бања Ковиљача и Врњачка бања, а заврши и проект во партнерство со американската амбасада и Локомотива центарот за нови иницијативи во уметноста и културата. Викторија Илиоска и Елена Ристеска, студентки на катедрата за современ танц и балетска педагогија на факултетот за музичка уметност во Скопје, стекнатото знаење во Загреб, го пренесоа на младите, одржувајќи еднонеделна работилница.

Loading