СТРАСТ ЗА ЧЕТКИ…

Изложба на ДЛУП
Творештвото на четириесетина уметници, членови на ДЛУП веќе неколку дена претставува воодушевување за љубителите на ликовната уметност. Пејзажи, графики, апстракции, скулптури… создавани со “игрите на четките и боите” предизвикуваат воздишки во галеријата. Членовите на ДЛУП ја демонстрираа уметничката дарба и богатиот градски културен дух. Од домашните ателјеа ги извадија едногодишните мајстории на уметничките дожувувања и ги поделија страстите со мераклиите на уметноста, давајќи придонес за четиригодишнината од еснафската асоцијација и годишнината од постоењето на подмладокот.
Поддршка за уметничкиот порив добија и од градоначалникот Марјан Ристески, барајќи помош за сликање на големо платно од 20 метри и одржување на младинска колонија.

Loading